• Monday, 28 October 2024

Артета за 2:2 со Ливерпул: Арсенал доминираше особено во првото полувреме и требаше да победиме

Артета за 2:2 со Ливерпул: Арсенал доминираше особено во првото полувреме и требаше да победиме

Лондон, 27 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета не е задоволен од нерешениот исход на денешниот натпревар со Ливерпул.

„Топчиите“ одиграа 2:2 во 9. коло на Премиер лигата, иако во два наврата имаа водство.

- Многу горд на тимот. Ние одигравме како што сакавме, храбро, ефикасно и доминиравме, особено во првото полувреме. Во првото полувреме требаше да постигнеме  повеќе голови. Заслуживме да победиме на овој натпревар. Игравме подобро. Двата примени гола ни беа лекција. Бевме јасни што треба да направиме и бевме одлучни и агресивни со и без топка. Имаше уште неколку шанси кога требаше да бидеме ефикасни, изјави Артета.

По девет кола во Премиер лигата, Арсенал е на 3.место со 18 бода пет помалку од лидерот Манчестер сити и четири зад Ливерпул. зс/

Фото: ЕПА