• Friday, 27 December 2024

Арбр Адеми: Одлуката на Уставен суд од 9 октомври е неуставна и незаконска

Арбр Адеми: Одлуката на Уставен суд од 9 октомври е неуставна и незаконска

Скопје, 26 декември 2024 

Издвоеното мислење на двајца судии на Уставниот суд од албанска етничка припадност, проф. Осман Кадриу и Насер Ајдари, во врска со одлуката од 9 октомври на Уставниот суд за укинување на критичен столб на Уставот и Охридскиот Мировен Договор – правичната застапеност, предизвика слабока вознемиреност кај албанците но и сите грѓани кои за разлика од оваа Влада се уште веруваат во соживот и еднаквост. 

 Она што го прочитавме во ова мислење ги потресе сите мирољубиви граѓани на оваа земја, а особено Албанците. 

Кога судиите во своето мислење велат: „Одлуката е донесена на национална основа, преку прегласување, со носење одлуки против правата на немнозинските заедници и спротивно на основната вредност – правото на правично и адекватна застапеност. 

Ја сметаме оваа одлука за незаконска и со сериозни правни последици," Ова претставува еден од најголемите напади врз меѓуетничките односи,потсетувајќи нè сите на однесувањето на институциите во деведесеттите години, кога загриженоста на Албанците беше надгласувана, потиснувана и многу често и насилно. 

Понатаму, во своето мислење, судиите истакнуваат: „Сакаме веднаш да нагласиме дека правниот израз – припадност на заедницата, е уставна институција и, како таква, уставна категорија. 

Како резултат, горенаведената одлука укинува уставна категорија која е поврзана со ‘припадноста на заедницата’." 

Ова е уште еден доказ дека одлуката на Уставниот суд за спроведување на партиската програма на владејачката партија претставува обид за менување на мултиетничкиот карактер на уставниот поредок, кој е темел на концептот воведен со Охридскиот рамковен договор. 

Како легитимни претставници на албанскиот народ, повторно ја истакнуваме итната потреба од поништување на одлуката од 9 октомври, бидејќи истата е незаконска и противуставна. 

Ниту една одлука на Уставниот суд за закони донесени со двојно мнозинство според Бадентеровиот принцип не може да биде дискутирана или усвоена без учество и согласност на претставниците на таа заедница. 

 За Албанците не може да се одлучува без Албанците! 

Демократската унија за интеграција останува цврсто посветена на заштитата на уставните темели на мултиетничкиот поредок и на обезбедување гаранција дека праватата гарантирани со Охридскиот рамковен договор ќе останат неприкосновени.

 

 Изјава на потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми

Демократска унија за интеграција 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.