• Friday, 27 December 2024

Во дебарско за единаесет месеци 44 сообраќајни незгоди, со едно починато и 33 повредени лица

Во дебарско за единаесет месеци 44 сообраќајни незгоди, со едно починато и 33 повредени лица

Дебар, 26 декември 2024 (МИА) - Во изминатите 11 месеци од оваа календарска година, на подрачјето под надлежност на дебарското одделение за внатрешни работи, регистрирани се 44 сообраќајни незгоди, што е речиси на истото ниво споредено со истиот  период минатата година, кога имало две незгоди помалку.

-На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа во споменатиот извештаен период, во сообраќајните незгоди животот го загубило едно лице додека 33 се здобиле со потешки и полесни повреди, што е идентична бројка со истиот период минатата година. Против 190 лица поднесени се прекршочни пријави, што е двојно помала бројка споредено со минатата година, рече за МИА, Стефан Димоски портпарол на секторот за внатрешни работи-Охрид.

Во овој период издадени се 1575 платни налози по Законот за безбедност во патниот сообраќај, што е за 134 прекрошоци повеќе, како и 191 платни налози по законот за возила, што е за пет повеќе од лани. 

Една од причините за несреќите и прекршоците е непочитување на сообраќајните правила и прописи, а останатите се неприлагодување на брзината на движење, управување возило под дејство на алкохол, како и користење мобилен телефон.

Поради згорлемената фреквенција на возила, условено од присиството на иселениците, но и жители од други градови, Димоски упати апел до учесниците во сообраќајот, да бидат внимателни  да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. вт/сст/

 

Фото: МИА

 

You May Also Like