• Wednesday, 08 January 2025

Американскиот државен секретар се сретна со јапонскиот министер за надворешни работи

Американскиот државен секретар се сретна со јапонскиот министер за надворешни работи

Токио, 7 јануари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна со јапонскиот министер за надворешни работи Такеши Иваја за време на неговата посета на Токио.

Блинкен, кој е придружуван од советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, треба да се сретне и со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба.

- Серијата посети во Јапонија во изминативе четири години сведочи за централната улога што САД ја придаваат на партнерството со Јапонија, изјави Блинкен за време на средбата.

Тој додаде дека претседателот Џо Бајден го замолил да ја реализира оваа последна посета од мандатот на администрацијата, за да ја потенцира важноста на американско-јапонските односи.

- Нашето партнерство започна со фокус на билатерални прашања, продолжи со регионални теми и сега е навистина глобално, рече Блинкен.

Мандатот на администрацијата на Бајден завршува на 20 јануари, кога тој ќе му го предаде претседателството на својот наследник Доналд Трамп. ссм/

фото: ЕПА