• e enjte, 09 janar 2025

Oпштина Велес со препораки до граѓаните поради загадениот воздух

Oпштина Велес со препораки до граѓаните поради загадениот воздух

Велес, 8 јануари 2025 (МИА) - Општина Велес  даде препораки за граѓаните, откако е надминат прагот на суспендирани честички со големина до 100 микрограми на метар кубен два дена по ред,  бидејќи на 5 и 6 јануари се измерени концентрации од 101,95 мg/m3, односно 100,68 мg/m3.

На велешани им се препорачува да го користат јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба или доколку се користат повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено, правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците, како и да се одложат сите активности на отворено.

Препораките се дадени  согласно резултатите од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање,  за 5 и 6 јануари 2025 година. ад/дма/

Фото: МИА

 

QËNDRONI TË LIDHUR