• e premte, 20 mars 2026

„Љубов“ - самостојна изложба на фотографии на Марјан Скрижевски во Куманово

„Љубов“ - самостојна  изложба на фотографии на Марјан Скрижевски во Куманово

Куманово, 19 март 2026 (МИА) - Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Марјан Скрижевски, насловена „Љубов“. На изложбата ќе бидат претставени фотографии од цркви, езера, водопади, планини и други природни убавини од Македонија.

Авторот е роден во Куманово 1974 и фотографија се занимава последниве десет години.

Сè што знае за фотографијата има научено самостојно, најмногу преку сопствено искуство додека фотографирал, наведуваат од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во најавата за изложбата. ам/са/

Фото: НУЦК

QËNDRONI TË LIDHUR