Театар „Провокација“ од 22 март, секоја недела со редовен репертоар на детски претстави во Бистро „Комедија“
- Театар „Провокација“ почна со редовен репертоар на детски претстави во Бистро „Комедија“. Претставите се играат секоја недела, со почеток од 12:00 часот.
- Post By Ана Цветковска
- 15:31, 20 mars, 2026
Скопје, 20 март 2026 (МИА) - Театар „Провокација“ почна со редовен репертоар на детски претстави во Бистро „Комедија“. Претставите се играат секоја недела, со почеток од 12:00 часот.
-Ова е начин да се создаде уште едно катче, каде децата и родителите ќе уживаат во едукативните претстави на овој театар, кој со години е посветен на најмладата публика, соопштуваат од Театарот
Оваа недела на 22 март децата ќе можат да го погледнат мјузиклот „Штурците и мравките“. Претставата е работена по мотиви од басната „Штурецот и мравката“ на Жан де Лафонтен.

На 29 март ќе биде одиграна претставата „Зеленковци“, чија содржина се однесува на стекнувањето на еколошките навики.
На 5 април на репертоарот е куклената претстава „Другарство“, која ги учи децата да го препознаат булингот и соодветно постапат во дадената ситуација;
На 19 април е претставата „Застани, погледни па на пешачки премин“, која има за цел да ги научи децата на основните сообраќајни правила: како се преминува улица, препознавање на знаци и сигнализација, безбедно движење со велосипед/тротинет и сузбивање на стравовите и грешната перцепција за сообраќајната полиција. ац/
Фото: Театар Провокација