• e mërkurë, 08 janar 2025

Шолц: Трансатлантските односи ќе продолжат да бидат силни

Шолц: Трансатлантските односи ќе продолжат да бидат силни

Берлин, 7 јануари 2025 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази верба во продолжувањето на силните односи меѓу германската влада и новата американска администрација на претседателот Доналд Трамп.

Во интервју за магазинот „Штерн“, објавено денеска, Шолц ја нагласи клучната улога на САД во демократскиот развој на Германија, како на Западот по Втората светска војна, така и низ целата земја по мирната револуција во Источна Германија.

- Оваа историска основа е цврста и ќе ги поддржува трансатлантските односи уште долго време,  рече Шолц, потенцирајќи ја важноста на ефективната соработка со новата американска влада.

Шолц откри дека досега двапати разговарал со Трамп и ги опиша разговорите како „исклучително пријателски“.

Кога беше прашан за присуството на инаугурацијата, Шолц изјави дека „американската администрација, како што е обичај, го покани германскиот амбасадор“. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR