Шејнбаум: „Мексикански залив“ е меѓународно признато име
- -Мислам дека на претседателот Трамп погрешно му кажале, му кажале дека Фелипе Калдерон сè уште е претседател. Но, не, во Мексико луѓето се одговорни, рече Шејнбаум на прес-конференција, пренесуваат британските медиуми.
- Post By Сашко Димевски
- 17:45, 8 janar, 2025
Мексико Сити, 8 јануари 2025 (МИА) – По вчерашната изјава на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговата идеја за преименување на Мексиканскиот Залив во „Американски Залив на Америка“, претседателката на Мексико Клаудија Шејнбаум денеска посочи дека „Мексиканскиот залив“ е меѓународно признато име и дека Трамп „живее во минатото““.
-Мислам дека на претседателот Трамп погрешно му кажале, му кажале дека Фелипе Калдерон сè уште е претседател. Но, не, во Мексико луѓето се одговорни, рече Шејнбаум на прес-конференција, пренесуваат британските медиуми.
Калдерон го водеше Мексико од 2006 до 2012 година.
Шенјбаум покажа карта на поранешно Мексико, која ги вклучува териториите кои сега се дел од Соединетите Американски Држави.
-Мексиканска Америка, тоа звучи убаво, рече Шејнбаум.
Трамп вчера најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Американски залив.сд/
фото;МИА архива