• e shtunë, 28 dhjetor 2024

Швионтек за допингот: Ги дадов сите докази и нема што повеќе да се прави

Швионтек за допингот: Ги дадов сите докази и нема што повеќе да се прави

Мелбурн, 27 декември 2024 (МИА) - Втората светска тениска тенисерка, Ига Швионтек во петокот изјави дека се надева дека ќе ја сврти страницата на допинг аферата од минатата година и дека нема да има жалба за нејзината казна од Светската антидопинг агенција (ВАДА), јавија агенциите.

Тенисерката од Плска беше позитивна во август на триметазидин, лек за срце. Тогаш таа беше број 1 во светот на женскиот тенис. Аферата беше откриена три месеци подоцна, а натпреварувачката беше казнета на еден месец. Таа пропушти три турнири во Азија.

По откритието, светската агенција пресуди дека прекршокот не бил намерен, а нејзиниот случај е сличен на оној на Италијанецот Јаник Синер на почетокот на сезоната.

-Ги дадов сите докази и нема што повеќе да се прави. Можев брзо да докажам од каде е позитивниот резултат. Затоа случајот беше решен за кратко време. Не очекувам жалба, но немам никакво влијание за тоа што може да се случи. Мислам дека од самиот почеток и низ процедурите низ кои поминав се беше фер, изјави за медиумите Швионтек, која својата сезона ќе ја започне на „Јунајтед купот“.

Швионтек изјави дека и покрај инцидентот и дека и е „ментално тешко“, реакцијата од публиката била позитивна.

-Мислам дека повеќето луѓе се разбрани, заклучи Ига Швионтек, која има четири Гренд слем титули. дс

Фото: Архива

QËNDRONI TË LIDHUR