БиХ ќе гради национален стадион во Зеница
- Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина (ФС БиХ) ќе гради нов национален стадион на ќе игра националниот тим во Зеница, бидејќи во Сараево нема партнери кои би учествувале во реализацијата на проектот, најави денеска претседателот на ФС БиХ, Вицо Жељковиќ.
- Post By Емил Гашевски
- 17:45, 27 dhjetor, 2024
Сараево, 27 декември 2024 (МИА) – Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина (ФС БиХ) ќе гради нов национален стадион на ќе игра националниот тим во Зеница, бидејќи во Сараево нема партнери кои би учествувале во реализацијата на проектот, најави денеска претседателот на ФС БиХ, Вицо Жељковиќ.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина и досега сите домашни натпревари ги гра на стадионот Билино Поље во Зеница, бидејќи ниту еден друг стадион во земјата не ги исполнува стандардите на ФИФА и УЕФА.
Жељковиќ на прес-конференција потврди дека Зеница ќе остане постојан дом на фудбалската репрезентација на БиХ, но натпреварите ќе се играат на новиот стадион кој ќе се создаде со реконструкција на постоечкиот, каде постепено ќе се доградуваат трибините.
„Желбата беше Сараево, но не најдовме разбирање и поддршка. Ќе го реализираме националниот стадион во Зеница“, рече Жељковиќ.
Планот е до 2029 година да се изгради стадион кој би можел да прими до 18.000 гледачи. ег
ФОТО: Фејсбук