• e mërkurë, 08 janar 2025

Честитки за Бадник и Божиќ од МД „Илинден“-Тирана и Сојузот на Македонците со исламска религија

Честитки за Бадник и Божиќ од МД „Илинден“-Тирана и Сојузот на Македонците со исламска религија

Дебар, 6 јануари 2025 ( МИА) - Честитка по повод утрешниот голем православен празник, Христовото раѓање-Божик и денешниот ден Бадник, до верниците и до поглаварот на МПЦ-ОА упатија Сојузот на Македонците со исламска религија и Македонското друштво „Илинден“- Тирана.

- Дозволете ми во наше лично име, од името на друштвото и на сите Македонците во Република Албанија, Вам лично и членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитаме големиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божиќ, и да ви посакаме здравје, среќа, благосостојба, се вели во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху.

Во неа се наведува дека Божиќ е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството, радувајќи се и славејќи го животот.

И оваа година, се додава, Божиќ нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош.

-Токму во духот на христијанството, дозволете уште еднаш да посакаме во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Христос се роди, навистина се роди, стои во честитката на македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Сојузот на Македонците со исламска религија на сите православни христијани им ги честитаат Бадник и Божиќ, со желби за здравје, среќа и бериќет.

-Ви посакуваме, се додава, во спокојство и хармонија да ги поминете празничните денови со најблиските, со роднините, пријателите и соседите, потсетувајќи на вековниот соживот и хармонија, со желби за „негување како светост на истите, на кои се гордееле нашите предци а и ние денес, стои во честитката од претседателот на Сојузот Латиф Пајкоски.вт/фф/

QËNDRONI TË LIDHUR