• e enjte, 09 janar 2025

За земјоделците годинава над 120 милиони евра, во тек редовните исплати на субвенциите

За земјоделците годинава над 120 милиони евра, во тек редовните исплати на субвенциите

Штип, 8 јануари 2025 (МИА) - За земјоделците годинава од централниот буџет ќе бидат обезбедени над 7,2 милијарда денари или преку 120 милиони евра диркенти плаќања, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Штип, до крајот на 2024-та се подмирени сите заостанати долгови во однос на субвенциите, а сега се реализираат тековните исплати.

- Апсолутно ќе има пари за директни исплаќања на земјоделците во новиот буџет. Откако сме Влада, само лани, од 24 јуни до крајот на 2024 година се префрлени над 70 милиони евра  за земјоделците со што се вратени долговите и сега има тековни исплати. За 2025 година се предвидени повеќе од 7,2 милијарда денари или над 120 милиони евра директни плаќања за земјоделците од централниот буџет, истакна Мицкоски.

Премиерот уште еднаш потенцира дека земјоделците се приоритет на оваа Влада.

- Во 2024 година имавме добри резултати и кај лозарите, јаболкарите, тутунарите, поддршка добија и оние што произведуваат раноградинарски производи, сливарите, се обезбеди пазар и за оризот, пченицата, јачменот,... Континуирано се помагаат земјоделците, така ќе продолжиме и оваа година, подвлече Мицкоски.

Мицкоски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на клон на градинката „Вера Циривири Трена“ и на спортска балон сала во рамки на подрачното училиште „Гоце Делчев" во населеното место Три Чешми, а ќе присуствува и на поставување камен-темелник на главен резервоар за вода во населеното место Пребег. мч/бак/

Фото: МИА архива и принт скрин

QËNDRONI TË LIDHUR