Формула 1 го продолжи договорот со Големата награда на Белгија
- Формула 1 објави продолжување на договорот со управата на патеката „Спа-Франкоршамп“, каде се одржуваат етапите за Големата награда на Белгија.
- Post By Зоран Стерјовски
- 12:09, 8 janar, 2025
Лондон, 8 јануари 2025 (МИА) - Формула 1 објави продолжување на договорот со управата на патеката „Спа-Франкоршамп“, каде се одржуваат етапите за Големата награда на Белгија.
Новиот договор гарантира дека трката ќе се вози во 2026, 2027, 2029 и 2031 година, со уште едно Европско Гран При во 2028 и 2030 година.
Се појаснува дека договорот е продолжен, вклучително и поради најновата модернизација на трасата, со што нејзиниот капацитет е зголемен за 10 илјади седишта.
Големата награда на Белгија се одржува од 1950 година. Во 2024 година, победник на етапата беше седумкратниот светски шампион Британецот Луис Хамилтон. зс/
Фото: ЕПА