• e enjte, 09 janar 2025

Утринските температури насекаде над нулата, освен во Берово со -1 степен

Утринските температури насекаде над нулата, освен во Берово со -1 степен

Скопје, 8 јануари 2025 (МИА) - Температура под нулата утрово е измерена само во Берово, -1 степен.

Како што соопшти УХМР, во 8.30 часот се измерени 2 степена на Попова Шапка, во Крива Паланка и  Штип, 3 степени во Струмица, Кавадарци, Велес, Куманово, Лазарополе и Виница, 4 степени во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп и Маврови Анови, 5 во Битола и Крушево, 8 степени во Гевгелија, Демир Капија и Претор и 9 степени во Охрид и Дебар.

Во Маврови Анови и во Пожаране во изминатите 24 часа е измерен 1 литар на квадратен метар навранат воден талог. Снежна покривка има на Попова Шапка (42 сантиметри), 32 во Маврови Анови и 7 сантиметри во Крушево.

Во текот на ноќта и утрово времето е променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. УХМР соопшти дека во Тетово хоризонталната видливост е ограничена на 500 метри и дувало слаб до умерен ветер од претежно од јужен правец.

Во текот на денов ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Максималната температура ќе достигне од 6 до 15 степени.

Во Скопје претежно облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне 6 степени. хс/дма/

Фото: МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR