• e premte, 10 janar 2025

Турските вооружени сили во состојба на готовност поради можна воена операција во Сирија против милитантите на ПКК, објави турски весник

Турските вооружени сили во состојба на готовност поради можна воена операција во Сирија против милитантите на ПКК, објави турски весник

Анкара, 9 јануари 2025 (МИА) - Турските вооружени сили се ставени во состојба на готовност поради можна воена операција во Сирија против милитантите на Курдистанската работничка партија (ПКК), објави турскиот весник „Туркије“, повикувајќи се на воени извори.

Според турските медиуми, турските вооружени сили заедно со сириската армија планираат „голема“ воена операција против милитантите на ПКК, доколку Западот постави „нови барања“.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан завчера рече дека Анкара им поставила „ултиматум“ на милитантите на ПКК во Сирија и предупреди дека ако повиците за преговори се игнорираат, воената акција би можела „да стане итна“.

Турскиот весник „Хуриет“ наведува дека Анкара е подготвена за сите можни сценарија, вклучително и за можноста за воена акција. Кон крајот на ноември 2024 година, вооружените опозициски групи во Сирија започнаа голема офанзива против позициите на сириската армија, а на 8 декември влегоа во Дамаск.

Турските медиуми објавија дека сирискиот претседател Башар ал Асад поднел оставка и ја напуштил земјата, додека Мохамед ал Башир, лидер на таканаречената Влада на спасот во провинцијата Идлиб, на 10 декември е назначен за привремен шеф на сириската влада.

Конфликтите меѓу Турција и ПКК се во тек од 1984 година, а се интензивираа во 2015 година. По избувнувањето на сириската криза во 2011 година, Сириските демократски сили (SDF) формираа автономна администрација на териториите што ги контролираат во сириските провинции Алепо, Ал-Хасака, Рака и Деир ез-Зор. Турција постојано предупреди дека доколку ПКК продолжи со своите активности на сириска територија, ќе започне воени акции за да го спречи зајакнувањето на курдската автономија во регионот, што го смета за закана за нејзината безбедност. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR