• e premte, 10 janar 2025

Руски, германски и палестински реакции за новиот либански претседател

Руски, германски и палестински реакции за новиот либански претседател

Москва/Берлин/ Рамала, 9 јануари 2025 (МИА) – Русија денеска соопшти дека го поздравува изборот на новиот претседател на Либан со надеж дека тоа ќе донесе политичка стабилност и економско закрепнување на земјата.

Во соопштението на руското МНР се вели дека изборот на началникот на армијата Џозеф Аун „отвори изгледи за зајакнување на внатрешната политичка стабилност во Либан и подобрување на тешката социо-економска ситуација во земјата“.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека изборот на Аун е шанса за „реформи и промени“ во земјата разурната од војна.

- По долги години криза и стагнација, ова е момент на можност за спроведување реформи и промени, напиша Бербок на Х, додавајќи дека „Германија стои со либанскиот народ на патот напред“.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека Либан „ќе ги надмине последиците од израелската агресија под водство на новиот претседател Џозеф Аун“.

- Уверени сме дека нашиот братски Либан ќе ги надмине последиците од израелската окупациска агресија и ќе постигне развој и просперитет, рече Абас, алудирајќи на војната меѓу Израел и либанската екстремистичка организација Хезболах, која заврши кон крајот на ноември минатата година. јт.

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR