Тотенхем потпиша договор со голманот Кински
- Голманот на Славија Прага, Антонин Кински се согласи на соработка со премиерлигашот Тотенхем.
- Post By Зоран Стерјовски
- 18:31, 5 janar, 2025
Лондон, 5 јануари 2025 (МИА) - Голманот на Славија Прага, Антонин Кински се согласи на соработка со премиерлигашот Тотенхем.
Според прес-службата на англискиот клуб, 21-годишниот Кински потпишал договор до 2031 година и ќе го носи бројот 31.
Фудбалерот е син на поранешниот голман на Чешка, Антонин Кински.
Во 2024 година, Кински Јуниор го имаше своето деби во Чешкиот шампионат во мечот со Словачка и во Лигата на шампионите во натпреварот против Унион.
Оваа сезона 21-годишниот Чех прими 18 гола на 29 натпревари за Славија во сите натпреварувања. зс/
Фото: ЕПА