Менаџерот на Евертон може да добие отказ во секој момент
- Раководството на Евертон сериозно размислува дали да се ослободи од менаџерот Шон Дајч, пренесе „Мирор“.
- Post By Спорт Миа
- 19:40, 6 janar, 2025
Ливерпул, 6 јануари 2025 (МИА) - Раководството на Евертон сериозно размислува дали да се ослободи од менаџерот Шон Дајч, пренесе „Мирор“.
Неговиот тим загуби со 1-0 од Бурнмаут викендот и сега имаат само еден успех во последните 11 натпревари и бод повеќе од зоната за испаѓање во Премиер лигата.
Пред неполни три недели, групацијата „Фридкин“ стана нов мнозински сопственик на „карамелите“ откако ги откупи акциите на Фарад Мошири. „Фридкин Груп“ е сопственик и на Рома.
Дајч го презеде Евертон пред речиси две години. Во првата сезона таму (2022/23) заврши веднаш над зоната за испаѓање, а во последната сезона го рангираше тимот на 15. позиција. дс
Фото: Архива