Стефанов со финансиска поддршка за македонските ракометари
- Александар Стефанов, долгогодишниот член на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија и претседател на УО на фабрика „Карпош АД Скопје“, финансиски ја поддржа машката репрезентација пред настапот на Светското првенство.
- Post By Зоран Стерјовски
- 09:27, 4 janar, 2025
Скопје, 4 јануари 2025 (МИА) - Александар Стефанов, долгогодишниот член на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија и претседател на УО на фабрика „Карпош АД Скопје“, финансиски ја поддржа машката репрезентација пред настапот на Светското првенство.
- Поддршката пред настап на големите натпреварувања е драгоцена за репрезентацијата, особено ако доаѓа од луѓе како Александар Стефанов, кој има јасна визија за развој на ракометот. На спортот број еден во Македонија му се потребни луѓе кои ќе продолжат да работат професионално, ќе го подигнат нивото на квалитетот, ќе вложуваат безрезервно во ракометот, порача селекторот Кирил Лазаров.
Стефанов ќе биде кандидат за претседател на РФМ на следното собрание закажано за 1 март 2025.
Македонија на Светското првенство 2025 во групната фаза во Вараждин за противници ќе ги има Унгарија, Холандија и Гвинеја. зс/
Фото: РФМ