Росоман организира бесплатен превоз за земјоделци на саем во Солун
- Како што информира денеска градоначалникот Ѓорѓи Крстевски во изјава за МИА, станува збор за познат саем за земјоделство и сточарство, на кој може да се видат напредни технологии, вештачка интелигенција во сточарството, разни видови алатки и опрема.
Росоман, 23 февруари 2026 (МИА) - Општина Росоман организира бесплатен превоз за земјоделците на саем во Солун во март. Станува збор за еден од најголемите вакви саеми во регионот.
Како што информира денеска градоначалникот Ѓорѓи Крстевски во изјава за МИА, станува збор за познат саем за земјоделство и сточарство, на кој може да се видат напредни технологии, вештачка интелигенција во сточарството, разни видови алатки и опрема.
- Росоман е најголем регион за производство на праски во државата. Се произведува и грозје, градинарски и други земјоделски производи. Со оваа посета целта ни е нашите земјоделци да согледаат како напреднале техниката и технологијата и како модернизацијата споена со традицијата може да доведе до поквалитетно земјоделско и сточарско производство. Човекот учи додека е жив и затоа веруваме дека тоа што ќе се спознае на саемот, ќе биде од корист во иднина - посочи Крстевски.
Заинтересираните земјоделци ќе може да го посетат саемот на 14 март.
Се очекува преку оваа организација на локалната самоуправа саемот во Солун да го посетат педесетина земјоделци од општина Росоман.
Крстевски најави ваква посета и на други саеми. свд/вг/
Фото: МИА архива