• e mërkurë, 25 shkurt 2026

Пожарникари од Гостивар на обука за противпожарната заштита и спасувањето во Германија

Пожарникари од Гостивар на обука за противпожарната заштита и спасувањето во Германија

Гостивар, 24 февруари 2026 (МИА) – Двајца пожарникари од Територијалната Противпожарната Единица – Гостивар, завршија еднонеделна професионална обука во Оберхаузен, Германија, организирана од тамошната Противпожарната единица.

Од локалната самоуправа информараат дека обуката која се одржа од 15 до 21 февруари 2026 година покрај размената на професионални искуства пожарникарите за запознале со германскиот систем за управување со итни случаи и преземање на современа практика во областа на противпожарната заштита и спасувањето.

- За време на престојот, нашите претставници се запознаа со организацијата на противпожарната служба во Германија, системите за командување и координација во итни ситуации, употребата на современа опрема за респираторна заштита, нуркачки операции и примена на нови технологии како што се подводните дронови, како и постапките за превентивна противпожарна заштита во објекти со голема фреквенција на посетители, велат од општина Гостивар

Општина Гостивар преку Секторот за инвестиции и развој, ја започна соработката со Општина Оберхаузен пред неколку години, првично во областа на образованието и младите и како што наведуваат од локалната самоуправа, очекуваат дека ова партнерство ќе продолжи да се развива и во иднина.

- Со реализацијата на оваа обука, соработката меѓу двата града дополнително се продлабочува и проширува и во други области од особено значење, вклучително и јавната безбедност и противпожарната заштита, стои во информацијата од општина Гостивар.згм/

фото: Општина Гостивар

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR