Пренатрупаност во словенечките затвори, со пополнетост од 130 отсто
- Најголемиот проблем е во затворот во Љубљана, каде пополнетоста достигна 177 проценти, а потоа следуваат затворите во Копер и Марибор.
- Post By Сања Костовска
- 13:33, 9 janar, 2025
Љубљана, 9 јануари 2025 (МИА) - Словенечките затвори се соочуваат со сериозна пренатрупаност, при што моменталната пополнетост изнесува 130 проценти, јави Анадолија.
Најголемиот проблем е во затворот во Љубљана, каде пополнетоста достигна 177 проценти, а потоа следуваат затворите во Копер и Марибор.
Во недела истекува важноста на уредбата на Владата на Словенија за засилени мерки за безбедност поради кадровски и просторни проблеми во затворите.
Во првите три месеци од примената на уредбата, беа спроведени две мерки: привремен прекин на казните и вработување на поранешни затворски полицајци. Но, и покрај мерките, состојбата останува критична.
Се очекува Владата да ја продолжи уредбата за уште три месеци, со акцент на можноста за повторно вработување на поранешни затворски полицајци.
Меѓутоа, затворениците не се задоволни од привремениот прекин на казните, кој не важи за странци, а тие сочинуваат половина од затворската популација. ссм/
фото: архива/илустрација