Поранешниот јужнокорејски претседател ќе ја прифати евентуалната одлука на Уставниот суд за импичмент
- Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол ќе ја прифатиевентуалната одлука на Уставниот суд за импичмент, дури и ако тоа значи негово отстранување од функцијата.
- Post By Сања Костовска
- 12:10, 9 janar, 2025
Сеул, 9 јануари 2025 (МИА) - Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол ќе ја прифатиевентуалната одлука на Уставниот суд за импичмент, дури и ако тоа значи негово отстранување од функцијата.
- Доколку решението биде за отстранување, тоа нема како да не се прифати, изјави на прес-конференција адвокатот на Јун, Јун Каб-кјун.
Претходно, Јун ги игнорираше барањата на Уставниот суд за поднесување правни документи пред јавното сослушување на 27 декември, но адвокатите сега потврдија дека тој е подготвен лично да се појави.
Јун е обвинет за организирање на воен бунт со прогласувањето на воена состојба на 3 декември, што резултираше со прва наредба за апсење на актуелен претседател.
Минатата недела, обидите за апсење беа попречени од претседателската гарда. Во меѓувреме, демонстрантите и поддржувачите на Јун се собираат пред неговата резиденција, и покрај студените температури. ссм/
фото: ЕПА