• e enjte, 09 janar 2025

Пашинјан: Одлуката за членство на Ерменија во ЕУ може да се донесе само преку референдум

Пашинјан: Одлуката за членство на Ерменија во ЕУ може да се донесе само преку референдум

Ереван, 9 јануари 2025 (МИА) – Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан на владина седница ги претстави можните дејствија за нацрт-законот за започнување на процесот за пристапување на земјата во Европска Унија.

Тој изјави дека Владата нема забелешки за усвојувањето на предлог-законот, но потсети дека одлуката за влез во ЕУ може да се донесе само преку референдум.

- Усвојувањето на законот буквално не значи пристапување на Ерменија во ЕУ, бидејќи овој момент не може да се постигне и одлуката не може да се донесе преку закон или владина одлука. Донесувањето одлука во овој момент може да се направи само преку референдум, нема друга опција, посочи Пашинјан.

Тој додаде дека „во секое сценарио, Ерменија може да стане членка на ЕУ само кога ќе се распише референдум и ќе се собере потребниот број гласови ’за’ предвидени во Уставот“.

По усвојувањето на законот, Ерменија и ЕУ ќе  разговараат за развој на патоказ, кој би ги вклучил ставовите и на Унијата и на Ереван. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR