Оперскиот пејач Дарко Тодоровски ќе одржи предновогодишен концерт во Занаетчиски дом Куманово
- перскиот пејач Дарко Тодоровски од Куманово вечерва во Занаетчиски дом со почеток во 20 часот ќе одржи предновогодишен концерт, информираа денеска од Фондацијата за култура и спорт. Влезот за посетителите е бесплатен.
Куманово, 27 декември 2024 (МИА) - Оперскиот пејач Дарко Тодоровски од Куманово вечерва во Занаетчиски дом со почеток во 20 часот ќе одржи предновогодишен концерт, информираа денеска од Фондацијата за култура и спорт. Влезот за посетителите е бесплатен.
-После две години многу сум среќен, што пак сум во Куманово, некако најубаво и најодговорно е да се пее во свој град. Подготвена е убава програма. За жал, прескокнав лани, така се случи, настапував по други градови, во други држави, изјави Тодоровски.
Концертот почнува со новогодишен и божиќен репертоар, продолжува со американски џез познати класици. Кумановци ќе уживаата во познатите хитови на Френк Синатра, Елвис Присли, Дин Мартин... Концертот е поделен на неколку блокови.
- Очекувам полна сала и како и претходно кога сум настапувал, сите заедно да уживаме, да пееме и танцуваме, изјави Тодоровски.
Тодоровски е академски пејач, оперски пејач.
- Вечерашниот репертоар на сите им лежи на срце, стиховите на сите им се познати. Последниот дел од концертот ќе свирам на клавир, додава Тодоровски.
Тој очекува интеракција од публиката, како и секогаш. Концертот ќе трае час и половина. Љубителите на познатите евергрини ќе уживаат во убавата атмосфера која традиционално Тодоровски им ја приредува на неговите сограѓани. За 2025 годинава најави концерт со македонски евергрини, познати мелодии, текстови, стихови познати на сите. Во текот на летото ќе следува концерт на отворено и последниот во зимскиот период. ам/дма/
Фото: МИА и плакат Фондација за култура и спорт