Одбележан „Чист понеделник“ на Мегдан во Велес
- Уште една традиција која велешани со гордост ја негуваат е „Чист понеделник“ со подготовка на бело гравче во месноста Мегдан во високиот стар дел на Велес под црквата „Свети Пантелејмон’,така беше и денеска продолжена традицијата во Велес.
Велес, 23 февруари 2026 (МИА) - Уште една традиција која велешани со гордост ја негуваат е „Чист понеделник“ со подготовка не бело гравче во месноста Мегдан,во високиот стар дел на Велес под црквата „Свети Пантелејмон“.
- И оваа година на првиот ден од Велигденските пости, веднаш после Прочка, со мештаните го одбележавме овој ден со традиционалното бело гравче - информира попладнево градоначалникт Марко Колев. Тој на покана на жителите на Магдан денеска присуствуваше на одбележување на овој традиционален ден со бело гравче. Истото се подготвува во казан со грав - кромид и суви црвени пиперки..
![]() |
|
-Да не служи здравје и бериќет, да го негуваме овој надалеку познат обичај пренесувајќи го од колено на колено, порача Колев.
На „Чист понеделник“ на софра со бело гравче на отворено на Мегдан освен жители на Мегдан беа и граѓани од другите делови на градот како и мегданчани кои долги години живеат во странство,а се враќаат дома за Чист понеделник заедно да ја одбележат традицијата.Секоја година манифестацијата има и свој кум,кој заедно со жителите ја организира прославата на отворено на Мегдан. ад/ац/
Фото: Општина Велес
