Новогодишната елка од Атина ќе им биде донирана на студентите на Академијата за ликовни уметности
- Новогодишната 20-метарска природна елка што во изминатите 40 дена го украсуваше плоштадот Синтагма во центарот на Атина, денеска се раскитува и ќе ѝ биде донирана на Академијата за ликовни уметности за студентите да ја искористат како суровина за уметнички резбарски проекти, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 8 јануари 2025 (МИА) – Новогодишната 20-метарска природна елка што во изминатите 40 дена го украсуваше плоштадот Синтагма во центарот на Атина, денеска се раскитува и ќе ѝ биде донирана на Академијата за ликовни уметности за студентите да ја искористат како суровина за уметнички резбарски проекти, јави дописничката на МИА од Атина.
При осветлувањето на елката на крајот на ноември, градоначалникот на Атина Харис Дукас откри дека елката ќе им биде дадена на студентите, а од општината денеска, преку социјалните мрежи, соопштија дека елката ќе се упати кон Академијата за ликовни уметности што е „добрата вест на денот“.
Елката во Атина пристигна од малото планинско село Таксиархис на вториот крак на Халкидики, односно како што го нарекуваат, селото на елките и е за три метри повисока од ланската. ср/ссм/
Фото: МИА