Нови правила на израелската армија за објавување на вести и фотографии од војници
- Израелската армија донесе нови правила за медиумите за објавување на вести и фотографии од војници. Имињата и лицата на војниците во активна служба и на резервистите ќе бидат заматени
- Post By Марина Илиевска
- 17:36, 9 janar, 2025
Ерусалим, 9 јануари 2025 (МИА) – Израелската армија донесе нови правила за медиумите за објавување на вести и фотографии од војници. Имињата и лицата на војниците во активна служба и на резервистите ќе бидат заматени.
Одлуката уследи откако судот во Бразил поведе истрага за воени злосторства извршени од израелски војник, кој вчера се врати во Израел. Тој тврди дека е обвинет за убивање на илјадници деца, а во судската документацијата од 500 страни имало негова фотографија во униформа.
Според новите правила сите во ранг на полковник и пониските чинови ќе можат да се снимаат само од грб, а лицата ќе мора да им бидат заматени и медиумите ќе можат да ги објавуваат само првите иницијали од имињата.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека знае за најмалку 12 тужби за воени злосторства извршени во Појасот Газа поднесени во странство против израелски војници во странство. Како земји каде се поднесени тужби се наведуваат Белгија, Холандија, Ирска, Кипар, Србија, Франција, Јужна Африка, Шри Ланка, Тајланд и Бразил.
Фондацијата Хинд Раџаб, група која ги следи активностите на израелските војници во Појасот Газа, иницираше низа тужби во други земји против израелски војници. ми/
фото: МИА архива