• e premte, 20 mars 2026

„Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“ во Охрид

„Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“ во Охрид

Скопје, 18 март 2026 (МИА) - Во организација на Здружението на даватели на комунални услуги денеска во Охрид ќе се одржи настанот „Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“.

Како што информираат од Здружението, настанот ги обединува претставниците на институциите, јавните комунални претпријатија, локалната самоуправа и меѓународни експерти, со цел отворање на клучни прашања и предизвици во комуналниот сектор.

Во рамки на настанот ќе се одржат две панел-сесии. На првиот панел на тема „Кластеризација на секторот за водни услуги – придобивки и предизвици“ ќе се дискутира за можностите за реорганизација на водниот сектор, подобрување на  инфраструктурата и координацијата на институциите, а на втората панел-сесија на тема „Дефицит на млади кадри во комуналниот сектор и позицијата на младите“, фокусот ќе биде ставен на предизвиците со недостиг на млади кадри, образованието и можностите за задржување на работната сила. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Tags

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR