• e premte, 20 mars 2026

Конференција „Современиот човек и дијабетесот - контрола, квалитет и достоинство“

Конференција  „Современиот човек и дијабетесот - контрола, квалитет и достоинство“

Скопје, 20 март 2026 (МИА) - Под мотото „25 години борба, посветеност, солидарност и надеж“ денеска во Скопје ќе се одржи конференција на тема „Современиот човек и дијабетесот - контрола, квалитет и достоинство“, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија. 

Повод за конференцијата е 25-годишниот јубилеј од основањето на Сојузот кој ќе одржи и свечена академија со презентација на резултатите од реализираните активности и ќе додели признанија. 

- Станува збор за прва пациентска конференција посветена на дијабетесот и најчестите коморбидитеди како дел од метаболниот синдром. Конференцијата претставува значаен национален собир посветен на дијабетесот и најчестите компликации како дел од метаболниот синдром. Дијабетесот не е само медицински, туку и сериозен социо-економски предизвик кој бара интегриран и одржлив пристап, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари во најавата за конференцијата.лв/са/

фото: МИА архива  

QËNDRONI TË LIDHUR