• e mërkurë, 08 janar 2025

Мартинез: По 2:0 Интер едноставно престана да игра

Мартинез: По 2:0 Интер едноставно престана да игра

Ријад, 7 јануари 2025 (МИА) - Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез се осврна на поразот од Милан (2:3) во финалето на италијанскиот Суперкуп.

- Позитивните страни беа првото полувреме, водевме со 2:0, но потоа Интер престана да игра, немаше ист интензитет како претходно, а на вакви натпревари секогаш се плаќа за тоа. Не би рекол дека Милан беше подобар бидејќи имавме повеќе шанси за гол. Инцидентите можат да го променат текот на играта, не се справивме како што треба со овие моменти. Го загубивме натпреварот, не знам дали беше заслужено, но Милан секако заслужува пофалби што не се откажа, изјави Лаутаро Мартинез за „Sport Mediaset“.

Милан губеше со 0:2 во текот на натпреварот, но на крајот од натпреварот успеа да се врати и да го освои Суперкупот по осми пат. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR