• e premte, 10 janar 2025

Либан близу до избор на претседател по 12 неуспешни обиди

Либан близу до избор на претседател по 12 неуспешни обиди

Бејрут, 9 јануари 2025 (МИА) - Либанскиот парламент се очекува денеска да го избере генералот Џозеф Аун за нов претседател на државата, по повеќе од две години политички застој.

Аун (60), кој е врховен командант на либанската армија, е фаворит за функцијата. Неговото именување би помогнало во надгледувањето на примирјето на југот на Либан, каде конфликтите со Израел оставија голема штета.

Либан нема претседател од октомври 2022 година, кога истече мандатот на Мишел Аун. Дванаесет претходни обиди за избор на претседател пропаднаа поради политички поделби.

Меѓународниот притисок за избор на претседател се зголемува, а дипломатите од САД, Франција и Саудиска Арабија бараат итно решавање на кризата. ссм/

фото: ЕПА архива

QËNDRONI TË LIDHUR