• e mërkurë, 04 shkurt 2026

ЛДП: Најостра осуда за онлајн насилниците и поддршка за новинарот Видиновски

ЛДП: Најостра осуда за онлајн насилниците и поддршка за новинарот Видиновски

Скопје, 3 февруари 2026 

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, стои во партиското соопштение коешто МИА го пренесува во интегрална форма.

Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество.

Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот.

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR