• e diel, 06 tetor 2024

ИДФ: Нападнати центри на Хамас во поранешно училиште и џамија

ИДФ: Нападнати центри на Хамас во поранешно училиште и џамија

Тел Авив/Газа, 6 октомври 2024 (МИА) - Израел нападна, како што ги нарече рече, два командни центри на Хамас - едниот во поранешно училиште, а другиот во поранешна џамија, јавува ДПА.

Двата центра се лоцирани во областа Деир ал Балах, во централна Газа, соопштија утринава израелските одбранбени сили (ИДФ).

Арапските медиуми јавуваат за 24 загинати и десетици повредени во оваа област. Ниту арапските извештаи ниту изјавите на ИДФ не може да се проверат од независни извори, додава германската агенција.

ИДФ соопшти дека командните и контролните центри „се користеле од терористите на Хамас за планирање и извршување терористички напади против трупите на ИДФ и државата Израел“. Оттаму додаваат дека биле потребни „бројни чекори“ за да се ублажи штетата врз цивилите.

Ова е уште еден пример за тоа како Хамас ја користи цивилната инфраструктура, во спротивност со меѓународното право, соопшти ИДФ. сд/

фото:МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR