Зеленски: Илјадници украински деца сè уште треба да бидат вратени од Русија
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за помошта во враќањето на седум украински деца од Русија и додаде дека сè уште има илјадници деца кои треба да бидат вратени во Украина.
Киев, 5 декември 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за помошта во враќањето на седум украински деца од Русија и додаде дека сè уште има илјадници деца кои треба да бидат вратени во Украина.
„Му се заблагодарувам на американскиот претседател и на првата дама на САД за нивното континуирано внимание кон ова важно прашање“, напиша Зеленски на социјалната платформа „Х“.
„Илјадници наши деца сè уште треба да бидат вратени и сметаме на широка меѓународна поддршка за да се случи ова“, додаде тој. мс/ссм/
фото: ЕПА архива