Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци
- Забрани за тешки товарни возила се воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема. Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на патниот правец Страцин-Куманово има магла поради што видливоста е намалена од 100 до 150 метри.
Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.
Забрани за тешки товарни возила се воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема.
Од 07:30 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила преку планинскиот превој Барабарос, а од 08:05 часот забрана за тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Кичево - Охрид преку планинскиот превој Пресека. Од 08:30 часот забрана за тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на патниот правец Страцин-Куманово има магла поради што видливоста е намалена од 100 до 150 метри.
Од Авто мото сојузот на Македонија ги потсетуваат возачите дека од 15 ноември на сила е законската обврска за носење на зимска опрема во возилата без оглед на моменталната временска состојба. бак/
Фото: МИА архива