Во Дебар светна новогодишната елка
- Општина Дебар и годинава со вклучување на светилките на големата елка поставена во центарот на градот и претходно поставените светилки низ градот, овозможи тој да добие новогодишен лик.
Дебар, 22 декември 2024 (МИА) – Општина Дебар и годинава со вклучување на светилките на големата елка поставена во центарот на градот и претходно поставените светилки низ градот, овозможи тој да добие новогодишен лик.
- Новогодишно украсување со светлосни и други поставки го почнавме деновиве, а вечерва ги запаливме светилките на новогодишната елка, во центарот на градот, на плоштадот „Слендербег“. Наша цел како локална самоуправа е градот да добие новогодишен амбиент, да се почувствува новогодишна атмосфера, како и во другите градови во светот, рекоа за МИА од општината.
Се користат украси од изминатите години, но, велтат дека имаат издвоено незначителна сума на пари за дополнување на оштетените и набавка на нови светилки.
-На сите жители од нашата општина и пошироко, како и на нашинците во светот им посакуваме среќна Нова 2025 година, со надеж за многу повеќе љубов, мир, верба, разбирање, хуманост и благосостојба, посакаа од општината, упатувајќи апел сите одговорно да се однесуваат кон декорацијата.
Новогодишна декорација на витрините веќе имаат поставено сопствениците на трговските, угостителските и другите објекти, граѓаните во дворовите и балконите, а новогодишната елка е составен дел од секој дом.
Освен украсувањето, пред новогодишната атмосфера, ја надополнува присуството на иселениците, бидејќи многу од нив од западноевропските земји, пред сè од Италија, Германија и Швајцарија, по традиција, пред католички Божик пристигнуваат во родниот крај. вт/нд/
Фото: МИА