• e mërkurë, 01 janar 2025

Волонтери на Црвен Крст со посебен проект на „Зимска приказна“ во Битола

Волонтери на Црвен Крст со посебен проект на „Зимска приказна“ во Битола

Битола, 29 декември 2024 (МИА) - Општинската организација на Црвен Крст-Битола прв пат со свој проект учествува во програмата на „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола и за најмладмладите битолчани во старата чаршија беше одиграна претставата „Зошто Дедо Мраз носи црвено?“.

Претседателката на ОО на Црвен Крст Лилјана Ристевска истакна дека 2024 е многу успешна година за нивната организација.

-Нашите волонтери ја подготвија и одиграа театарската претстава „Зошто Дедо Мраз носи црвено?“, а идејата произлезе од секојдневните активности кои ја промовираат хуманоста, заедништвото и желбата секогаш да се помогне. Во претставата на сцената настапија десет волонтери, но во целиот проект беа ангажирани околу 50 волонтери. Веруваме дека и в година повторно ќе учествуваме во програмата „Зимска приказна“ изјави за МИА, Лилјана Ристевска, претседателка на ОО на Црвен Крст-Битола.

Општинската организација на Црвен Крст годинава за прв пат организираше мини-олимпијада која во Битола ќе се одржува на секои две години.

-Оваа 2024 година ја оценуваме како успешна година, ги реализиравме сите проекти, а имавме и една новина, односно организиравме мини-олимпијада на Црвен Крст која планираме да прерасне во олимпијада со меѓународно учество. Според нас оваа активност е симбол и обележје за 2024 година затоа што беа вклучени 400 учесници, а сите средства што ги собравме ги дониравме на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, посочи Ристевска.

Од ОО на Црвен Крст-Битола потсетија дека деновиве успешно заврши обуката и беа доделени 10 серификати на асистенти за лица со попреченост. мт/ев/

ФОТО: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR