Аја Етем е првото бебе родено годинава на Гинекологија Чаир
- Аја Етем е првото бебе родено годинава на Гинекологија во скопската општина Чаир.
- Post By Блаже Дарудов
- 12:31, 1 janar, 2025
Скопје, 1 јануари 2025 (МИА) - Аја Етем е првото бебе родено годинава на Гинекологија во скопската општина Чаир.
Директорката на Гинеколошко-акушерската болница „Чаир“, Пранвера Изаири информираше дека Аја е второ дете на нејзините родители, родена 3.110 грама со 50 сантиметри, само една минута по полноќ, со царски рез. Мајката и Аја се во добра здравствена состојба.
Аја денеска ја посетија министерот за здравство Арбен Таравари, неговата сопруга Нора, заменик министерот Јовица Андовски, сопругата на премиерот Рози Мицкоски, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, како и градоначалникот на општината, Висар Ганиу.
Првороденото бебе годинава доби два златника. Еден од Министерството за социјална политика, демографија и млади, а друг од сопругата на премиерот. Бебето доби и други пригодни подароци од министерот за здравство, сопругата на министерот, заменик министерот, сопругата на премиерот, градоначалникот. бд/лв/
Фото: МИА