• e shtunë, 28 dhjetor 2024

Буџетот на Општина Гостивар за 2025 година е околу 27 милиони евра, најголем досега

Буџетот на Општина Гостивар за 2025 година е околу 27 милиони евра, најголем досега

Гостивар, 27 декември 2024 (МИА) - Општина Гостивар денеска во Центарот за млади и заедницата (YCC) одржа јавна дебата за креирање на буџетот за 2025 година. Предлог-Буџетот на Општина Гостивар е планирано да биде 27 милиони евра, што претставува најголем буџет во историјата на општината.

-  На денешната јавна дебата во врска со буџетот на Општина Гостивар за 2025 година, граѓани, невладини организации и други заинтересирани страни можеа да ги споделат своите идеи и предлози за планирањето на буџетот на Општина Гостивар, изјави вршителот на должноста градоначалник Ваљбон Лимани.

Тој оцени дека буџетот за следната година е околу 27 милиони евра, што е најголемиот досега и ќе биде развоен.

- Досега ова е најголемиот буџет и се надевам дека ќе го обезбеди развојот на нашиот град. Со него ќе се обезбедат средства за животната средина, за развојот на спортот и за сите други области со единствена цел - да го направиме животот на граѓаните на Гостивар подобар, изјави Лимани.

Покрај субвенциите за купување на инвертер клими, велосипеди, предвидена е еднократна помош за секое првоодделенче кое ќе ја започне годината во едно од училиштатата во општината. згм/мд/

Фото: МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR