• e diel, 29 dhjetor 2024

Левица: Власта ја „искористи“ реорганизацијата на министерствата за во сите закони да ја зацементира Северна

Левица: Власта ја „искористи“ реорганизацијата на министерствата за во сите закони да ја зацементира Северна

28 декември 2024 .  

Пред самиот крај на 2024., вчера на седница на Собрание беа изгласани уште 16 закони (!) со: -... „низ целиот текст на законот зборовите Република Македонија се заменуваат со зборовите Република СЕВЕРНА Македонија."

Или власта ја „искористи“ реорганизацијата на министерствата за во сите закони перфидно да ја зацементира Северна, надвор и од границите на Преспанскиот договор. И додека апологети се трудат да го оправдаат дека „Северна е реалност" - реалноста е дека ДПМНЕ покажа НУЛА ОТПОР спрема неправдата нанесена на македонскиот народ.

ДПМНЕ не се ни потруди да го "држи во живот" предавството со Преспански договор, мудро и дипломатски да ја минимизира неговата примена, па и нека поминат години и децении додека да се создадат услови за негово укинување! Затоа што историските текови се менливи и ништо не е вечно - како што не било вечно ниту отоманското ропство, ниту фашистичката окупација, па и овој НАТО-колонијализам нема да е вечен.

Ама за да се предвидат тековите на историјата, потребни се државнички умови, кои патот на борбата го трасираат и за генерациите после нивното време (а не бизнис-политичари со визија за брзо богатење).
Па што се неколку години, децении (па и векови) во долгата борба за македонската КАУЗА?!

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

 


 

QËNDRONI TË LIDHUR