• e enjte, 09 janar 2025

Британски министер предупредува на дестабилизирачка реторика на Трамп

Британски министер предупредува на дестабилизирачка реторика на Трамп

Лондон, 9 јануари 2025 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска изјави дека е уверен дека повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го признава Гренланд како дел од Кралството Данска, но нагласи дека неговата реторика може да биде дестабилизирачка.

- Знаеме од првиот мандат на Доналд Трамп дека длабочината на неговата реторика и понекогаш непредвидливоста на тоа што го изјавува можат да бидат дестабилизирачки, рече Лами во интервју за Би-Би-Си радио, одговарајќи на прашањето за намерите на Трамп да го направи Гренланд дел од САД.

- Што се однесува до Гренланд, мислам дека неговата загриженост е насочена кон активностите на Русија и Кина во Арктикот, како и кон националната економска безбедност, додаде британскиот министер. - Сепак, уверен сум дека тој признава дека Гренланд денес е дел од Кралството Данска, нагласи Лами. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR