• e enjte, 09 janar 2025

Бајден ја откажа посетата на Италија поради катастрофалните пожари во Калифорнија

Бајден ја откажа посетата на Италија поради катастрофалните пожари во Калифорнија

Вашингтон, 9 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на САД Џо Бајден ја откажа планираната посета на Италија поради пожарите што беснеат во Лос Анџелес, соопшти Белата куќа.

- По враќањето од Лос Анџелес, каде што се сретна со полицијата, пожарникарите и тимовите за итни случаи кои се борат со историските пожари во тој регион, претседателот Бајден одлучи да ја откаже својата претстојна посета на Италија, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Пожарите, поттикнати од силни ветришта и сува вегетација, се проширија на делови од северен и северозападен Лос Анџелес. Најмалку пет лица загинаа, а уништени се повеќе од 1.000 објекти.

Според проценките, штетата предизвикана од пожарите изнесува меѓу 52 и 57 милијарди долари. Главниот метеоролог на AccuWeather, Џонатан Портер, ги опиша пожарите како „катастрофа од огромни размери“.

Околу 1,5 милиони луѓе во јужна Калифорнија останаа без електрична енергија, а десетици илјади беа евакуирани од своите домови. Пожарите се проширија и на познатата населба Холивуд Хилс. ссм/

фото: ЕПА

 

QËNDRONI TË LIDHUR