Барселона доби одобрение од Ла Лига да ги регистрира Олмо и Пау Виктор
- Барселона ги реши проблемите со финансискиот фер-плеј и доби одобрение од Ла Лига да ги регистрира играчот од средниот ред Дани Олмо и напаѓачот Пау Виктор за вториот дел од сезоната, пренесува „RAC1“. Каталонците сега чекаат одговор од Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ).
- Post By Зоран Стерјовски
- 11:08, 4 janar, 2025
Барселона, 4 јануари 2025 (МИА) - Барселона ги реши проблемите со финансискиот фер-плеј и доби одобрение од Ла Лига да ги регистрира играчот од средниот ред Дани Олмо и напаѓачот Пау Виктор за вториот дел од сезоната, пренесува „RAC1“. Каталонците сега чекаат одговор од Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ).
Претходно беше објавено дека Ла Лига и РФЕФ ја одбиле Барселона.
Судовите двапати ја одбија клупската регистрација на играчи за втората полусезона. Барселона на 1 јануари поднесе барање за нова лиценца за Олмо и Виктор до РФЕФ.
Олмо се приклучи на Барселона минатиот август и беше вклучен во тимот само за првата половина од сезоната 2024/25. Договорот на фудбалерот содржи клаузула која му дозволува бесплатно да го напушти клубот доколку не биде пријавен во јануари.
Во сезоната 2024/25, Олмо постигна шест гола и една асистенција на 15 натпревари во сите натпреварувања. зс/
Фото: ЕПА