• вторник, 24 декември 2024

VISA и Mastercard нема да функционираат во Русија

VISA и Mastercard нема да функционираат во Русија
Вашингтон, 5 март 2022 (МИА) - Американската мултинационална компанија за платежни услуги Visa објави дека ги прекинува операциите во Русија. Трансакциите со Виза картички ќе бидат суспендирани во следните неколку дена, соопшти компанијата. Виза-картичките издадени во Русија нема да функционираат надвор од земјата, а оние издадени од странски финансиски институции нема да бидат употребливи во Русија. Истото важи и за Мастеркард. ссм/

Остани поврзан