• петок, 20 март 2026

Донесена пресуда за враќање на вработените во „Гласот на Америка“

Донесена пресуда за враќање на вработените во „Гласот на Америка“

Вашингтон, 18 март 2026 (МИА) - Американскиот суд повторно го блокирашпланот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за отпуштање стотици вработени од „Гласот на Америка“ (ВОА).

Окружниот судија Ројс Ламберт донесе пресуда повеќе од илјада вработени во ВОА до 23 овој месец да се вратат на работните места истовремено наложувајќи медиумот да продолжи со емитување на програмата за странство.

Во образложението на одлуката Ламберт ги оцени за незаконски обидите за запирање на работата на Американската агенција за глобални медиуми (USAGM), телото што го надгледува работењето на ВОА. Истиот судија во септември минатата година изрече привремена мерка за стопирање на отпуштањата од Агенцијата.

Поранешната директорка на Агенцијата, Кари Лејк, отпуштањата ги најави уште во август во согласност со извршна наредба на претседателот Доналд Трамп. Трамп во март минатата година наложи кратења на бројот вработени во медиумот, кој е финансиран од САД, а креира програма на повеќе јазици за гледачи и слушатели во странство.

Основан 1942 година, со цел спротивставување на нацистичката пропаганда, „Гласот на Америка“ долго време се смета за важна алатка за промовирање на американските вредности во светот. Иако постојат законски механизми за спречување политичко влијание врз уредувачката политика, Трамп во повеќе наврати беше во судир со медиумот, а за време на ковид-пандемијата изнесе обвинувања дека ВОА пренесува кинеска пропаганда. аб/јт/

фото/МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан