УНИЦЕФ: Најмалку 200 деца се убиени во Газа oткако Израел ја обнови војната оваа недела
- Најмалку 200 деца се убиени во Газа откако Израел ја обнови војната против енклавата оваа недела, изјави портпаролката на УНИЦЕФ во Газа, Росалија Паулин.

Газа, 21 март 2025 (МИА) - Најмалку 200 деца се убиени во Газа откако Израел ја обнови војната против енклавата оваа недела, изјави портпаролката на УНИЦЕФ во Газа, Росалија Паулин.
Медицински претставници соопштија дека досега се убиени повеќе од 590 Палестинци, а бројот на жртвите продолжува да расте како што се интензивираат израелските воздушни и копнени напади. рп/
Фото: МИА архива