• среда, 01 април 2026

Трамп ќе има „важно“ обраќање пред нацијата, најави неговата портпаролка Каролин Ливит

Трамп ќе има „важно“ обраќање пред нацијата, најави неговата портпаролка Каролин Ливит

Вашингтон, 1 април 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе одржи „важен“ говор за состојбата во војната со Иран, соопшти неговата портпаролка Каролин Ливит.

Според најавите, Трамп е предвидено да и се обрати на нацијата вечерва во 21:00 часот по локално време (четврток во 2:00 часот по Средноевропско), при што ќе презентира „важни најнови информации“ за Иран.

Американскиот претседател преходно изјави дека САД во рок од две до три седмици ќе ги завршат нападите врз Иран, истакнувајќи дека на земјата и се потребни „можеби две недели или неколку дена повеќе“ за да ја заврши војната.

Трамп притоа истакна дека не е неопходен договор со Иран за завршување на американската воена операција, оценувајќи дека тоа е „неважно“ бидејќи САД ќе го постигнат зацртаното - властите на Исламската Република да не можат да развијат нуклеарно оружје. аб/јт

фото/ДПА

Остани поврзан