• четврток, 26 декември 2024

ЕУ не требаше да и дозволи на Германија да финансира авиокомпанија за време на пандемијата

ЕУ не требаше да и дозволи на Германија да финансира авиокомпанија за време на пандемијата

Брисел, 10 мај 2023 (МИА) – Највисокиот суд на Европска Унија денеска пресуди дека ЕУ не требало да ја овласти Германија да и помогне на авиокомпанијата Луфтханза со шест милијарди евра во борбата против последиците од ограничувањата воведени за време на пандемијата со коронавирусот.

Во јуни 2020 година, Германија ја извести Европска комисија (ЕК) за нејзината намера да обезбеди помош за Луфтханза. Општиот суд на ЕУ пресуди дека ЕК „направи неколку грешки“ во својата позитивна оценка за потегот, по жалбата на нискобуџетскиот авиопревозник Рајанер пред Судот во Луксембург.

Сè уште не е познато какво влијание може да има пресудата врз Германија или врз друга државна помош одобрена со цел да им се помогне на европските авиокомпании за време на пандемијата.

Судот соопшти дека ЕК не го земала предвид фактот „дека Луфтханза не можела да добие финансии на пазарот за сите нејзини потреби“ и не барала „механизам што ќе ја поттикне авиокомпанијата да го откупи германскиот удел што е можно побрзо“.

Во соопштението се наведува и дека ЕК „игнорирала дека Луфтханза има значителна пазарна моќ на одредени аеродроми“. ми/

Фото: МИА архива

Остани поврзан